Saturday, April 25, 2015

Дестинација облаците

Во животот искуствата не прават нас, ни го градат индентитетот од грешки и љубови и незаборавни денови.
Во меморијата танцувам на прекрасни настани кои изобилуваат со огромна генијалност и вдахнуваат среќа во моето битие, а моето битие се надоврзува со многу други кои не можам а да не ги сакам со се што имам во мене.
Наплив на голема еуфорија значи да леташ, да врескаш, да сакаш со се во тебе и ништо не може да те сопре. Еуфорија е да ја раскажеш приказната како да си ја доживеал да живееш во битието во некој друг, да се движиш, да зборуваш како него и сите да мислат дека си некој друг. Еуфорија е патот до рајот, патот на невиноста кон пеколот, патот на вљубениот кон кобна пропаст, кон огромна генијалност, патот до уметноста.
Патот кој би го поминале до толку блиска локација но толку далечни срца. Кажи ми за љубовта те молам, ќе се задржам на секој збор и ќе го зацртам во меморијата, но кажете ми кога ќе заврши мојата казна, кога ќе се отковаат моите ланци, кога твоето срце би го дал?
Јас немам војска, немам платени убијци, немам ништо освен тело без душа, и дух без емоција. Ти си тој кој ми го држи битието под опсада и насмевката во кафез, ти си ми како ноќта што му е на денот, како месечината на сонцето, како снегот на летото и горештината на зимата. Сите ми велат дека нема да трае оваа опсесија со твоето постоење, еден ден срцето би ми било нормално во твоја близина и би знаела дека го има, дека се вратило од патот околу светот бркајќи те тебе. Но како им е нив, со нивните долго заборавени животи, незнаат ли тие за лудилото на уметникот? Незнаат ли тие паметните, како е да имаш толку светови во твојата душа и да пробуваш да балансираш илјадници луѓе кои живеат во тебе, стотици градови кои бараат знаменитости, милиони  моменти кои треба да ги усовршиш? Незнаат ли тие за една  ноќ под ѕвездите каде барав прошка од моите дела затоа што се вљубив во некој чие постоење го замислувам во моето, и му го пишувам животот во мојата меморија?
А јас пак незнам за доста, ненаситна сум за зборови, ненаситна сум за сцена каде би постоела и по мојата смрт, ненаситна сум за засекогаш. Не си ја сакам смртта како што ги сакам зборовите, не си го сакам животот како што сакам свет на интелегенција, свет на личности кои би сватиле дека има повеќе од тоа што го гледаат, има повеќе од таа бариера во нивниот мозок која не сакаат да ја преминат.
Има повеќе во љубовта која е горчлива но и слатка, како лимунада во дехридрација која ти го гори  грлото но ти ја задоволува потребата. Има повеќе во моите очи отколку што си мисиш...кога ја вртам главата ми се мешаат сите твои насмевки и нашето несудено засекогаш кое ме прогонува во постоењето.
Како е да те немам?
Ми горчи, ме боли и ја кобам секундата кога те запознав.
Како е да те сакам?
Чувството на комплетна еуфорија на крајот на едно совршено дело.
Заклучок: Би јавала на грбот на нашето запознавање, кон портите на твојата безобразно добра насмевка, во одаите на твоето совршенство, на креветот каде би го прославиле НАШЕТО засекогаш...
Дестинација: Облаците, каде несудените творат за љубовта.

No comments:

Post a Comment