Thursday, April 23, 2015

Дестинација засекогаш

Чувството кога солзите тропаат на капаците за да ги пуштиш надвор како робови на душата која некогаш се надевала на постигната цел, го знам тоа чувство како што си ја знам раката. Таа недобредојдена депресија на душата која те тера да полудиш, баш таа која те тера да бегаш што подалеку од болката, да си ги затскриеш солзите а се насмевнеш и да продолжиш понатаму.
Како срцето деновиве?
Би ве прашала со насмевка и сите би се насмеале и образите би ви поцрвенеле поради некој таму кој ви ги полудува хормоните и кој ви чита приспивни бајки секоја вечер.
Ви чита за висечките градини и за срцата заклучени на еден ѕид со испишани имиња, ве потсетува за светот на љубовта кој ви го нуди. Сите се плашиме од тоа чувство да му ги предадеме конците на некој кој секојдневно си игра со марионети.
Дали постои мраз во пролет, и цвеќе во зима?
Кога некој ви чита за засекогаш срцето ќе ви препукне, некој кој умее да си игра со светот по желба и да ве натера да се вртите понего и да тргнете по улиците со кратки ракави а времето нуди ниски температури. Се тресеш и играш и се надеваш дека љубовта ќе те стопли.
Колку е магично само да му дадеш на едно чувство толку многу контрола, се смееш и одгвараш искрено.
Амбиција во животот ми е да напишам една совршена бајка, баш како Дизни и ќе им влеам надеж на сите мали деца со погледите кон ѕвездите и носињата залепени со стаклото на прозор кој ги дели од една прекрасна лага. Но лагите не тешат сите, лагите ни ја даваат таа надеж и ние сите се надеваме дека првото кокиче ќе трае долго време.
Таа беше личност која секогаш ќе ја обожувам, и умееше срцето да си го затскрие во насмевка, и тие солзи кои ги имаше проронато беа бисери на нашето пријателство и ѓерданот ќе го носам како предзнак на среќа.
Одјававме до најдоцните часови со ритам на предстојна болка и песни кои ги знам и нема да признам колку ми беше мило што беше започната нејзината приказна во паралела со мојата.
Двете сме жртви на една бајка под прозорецот на нашиот дом и двете сме заедно во игра на милост и немилост во интелегенцијата на љубовта.
А таа се шири напред и ни праќа разгледници од светот, со натпис што е тоа љубов?
Јас би ја пратила мојата со мал одговор, нема да влевам една книга во еден збор, но можам да кажам две реченици.
Љубов е онаа депресија на надеж и компресија на секој момент поминат со една личност. Љубов се невини солзи и лице кое се крие од погледот од љубовта.
А тие кои ги обожувам, чиј пат се испреплетува со мојот на многу начини, за нив е најлесно. Љубовта за него е таа а за неа е тој, кога седат заедно и фантазираат за поголема цел каде би ја прикажале плод на боговите на засекогаш.
За мојата муза љубовта останува неоткриена, но сепак тој ми е омилена цел од многу.
За неа љубовта е да се смрзнеш во лажна пролет за да проследиш рутина на некој кој се осмелил да ја погледне како си оди. Љубовта е невина и една и таа е упатена баш таму.
Заклучок: Учиш од животите на тие околу тебе, учиш од навики и плетки на судбината кои се отплетуваат прерано, учиш од зборовите на историјата испишана во величенствени дела.
Дестинација: Засекогаш, најслатката лага.

No comments:

Post a Comment