Wednesday, April 22, 2015

Дестинација бајките

Порано се прашував што значи тоа прва љубов, одговорите кои ги добив беа капка роса во пролет, загубени и никогаш не видени.
Ми рекоа дека кога прв пат ќе се вљубиш како подарок добиваш еден цел жив свет во стомакот кој нема да те остави на раат кога ќе го здоглеаш твојот Принц и не грешеа.
Не грешеа кога ми кажаа дека се би сторила само да ја видиш неговата насмевка, и кога ми кажаа колку боли кога размислуваш за неговиот секојдневен живот, кога тој е твојата секојдневност и не можеш да го испуштиш.
Но не ми кажаа дека живтот во секоја бајка е ограничен и има уште толку многу што не се гледа со голо око. Си мислиш дека се е така едноставно дека љубовта е на прв поглед и засекогаш е бозобразно добрата насмевка на неговото лице. Се е така невино и наивно осмислено што и самата поверував дека погледот му лежи кај мене и мислите се исреплетуваат со моите во едно блаженствено соѕвездие кое никогаш нема да го заборавам.
Светот изгледа поубаво кога си вљубен. И полоќ така брзо заминува кога танцуваш на мелоија на надежта.
Но ти си мојата муза, сепак не е се виножита и еднорози во “нашата„ приказна, неможам да заборавам дека Беатриче никогаш не го љубела Данте, и тоа го довело до врвот на слава.
Но јас, јас сум само патник низ сурово време, само игла во твоето сено И љубовта ми се чини сеедна кога се разминуваме само со една насмевка сосем невина и наивна.
Во бајките принцот ја брка својата принцеза, во бајките принцезите се борци, острилка на мечот на нивните љубени. Во бајките сите завршуваат среќно.
Но јас и ти, ние сме толку исти колку што сме различни. Ти си тој а јас сум само уште една таа која ќе ја забравиш. Предодредени сме за друго време и ја кобам зимата кога те запознав, но исто така и се заблагодарувам за иглата која ми ја подари да си го зашијам срцето со ефтини конци. Милостината која ми го соедини срцето, но што добро има во тоа кога еден по еден конците се кинат кога ќе те здогледам така среќен и разигран и срцето ми игра со лудо темпо и не можам да го стигнам. Доаѓа пред тебе и на колена моли да го земеш и да го сокриеш баш до твоето, и баш кога успевам да го достигнам го гледам скршено и тажно и неможам да му најдам лек.
Можеби се изгубив на патот низ димензиите и сега сум во некоја земја на чудата со безобразно добар изглед и мелодија на која танцувам но не можам да престанам, јас сум мутација на природата и сите ми судат за натприродното. Јас сум кобно изгубена и те молам да ми пратиш честитка од Њујорк , или Париз, или од Фиренца и да ми го опишеш патот до твоето срце каде и да е. Ќе си купам карта за воз и ќе го бркам каде и да е, и кога би го имала би ја почнала нашата приказна.
“Си била еднаш една голема надеж и една поголема будала, која го свртела светот бркајќи едно срце...“
Сепак, сето тоа би ми вредело. Зошто снегот се стопи а јас сеуште се вљубувам во тебе.
Заклучок: Првата љубов е најслатката бајка.
Дестинација: бајките каде би била Ема на твојот Кука.

No comments:

Post a Comment