Sunday, April 26, 2015

Дестинација дома

Кога зборувам за мојот дом си мислам на паралелна димензија на мојата земја на чудата каде животот е мирис на константната болка на цигара која никогаш не е изгасната, срце кое сака но никогаш не заздравело.
Животот е кошмар со кој се бори витез чија убавина се крие во умор. Еден зол крал кој ми плука по постоењето во неговата сенка.
Дворецот е изграден од нестабилни тули и од моето постоење, дворецот е изграден од тој витез кој задишано го кобе кралот на кој му служи целиот живот.
Моето постоење е должно на љубовта која владее во огромно заплеткано лудило, каде од прозорецот се гледаат ѕвезди а во срцето таи желба за повеќе.
Косата ми е заплеткана во запци од кои нема излез и поданици кои ми плукаат по нозете додека бегам.
Во Земјата на чудата еднаш постоев јас. Немаше никакви кралици никту карти само една одвратна група на кралеви, еден витез и нестабилни невини суштества. Сите кои го посетија овој феномен сведочеа за моето лудило, сведочеа за мојата непочит.
Не судеа на начинот на кој ми се гадеше од нивното посоење, нивните ограничени мали умови каде немаше ништо повеќе од мал град и мали соништа.
Јас таам за повеќе, јас чекорам кон пат околу светот каде има е што би ме задовилило.
Кога би исчезнал кралот, мојот витез би бил слободен, би оделе подалеку, каде сите сништа одат, таму кај што се лие надежта, таму каде што сакам се повеќе и повеќе.
Таму каде што си ги бришам солзите за нашето ропство, каде нема светлина, нема излез каде се гушам од маса на НЕПОТРЕБНИ луѓе кои се кобни и ги трошат ресурсите на оние ПОТРЕБНИТЕ во светов. Ви судам за грешките, што ли корисно правите освен што ги затскривате другите со вашето огромно постоење.
Мојот витез ме кити пред да тргнам, ми ги брише солизте поради љубовта која не ме прифаќа. Мојот витез си го корне постоењето да ми го подари моето.
Мојот витез е небото, ѕвезите, мојот витез е невидено совршенство изобилено со огромно лудило и бара засолниште од светов.
Мојот витез е каде се јавувам кога го пропуштам срцето кое така кобно го бркам.
Мојот витез е сведок на љубовта која врие во мене.
Љубовта која вреди еден денар фрлен настрана без грижа.
Заклучок: Излезот го создаваме сами, како што влегуваме во длаболка јама излегуваме со помош која сме ја побарале.
Дестинација: Дома, каде сме слободни на канџите на оние кои не опкружуваат.

Saturday, April 25, 2015

Дестинација облаците

Во животот искуствата не прават нас, ни го градат индентитетот од грешки и љубови и незаборавни денови.
Во меморијата танцувам на прекрасни настани кои изобилуваат со огромна генијалност и вдахнуваат среќа во моето битие, а моето битие се надоврзува со многу други кои не можам а да не ги сакам со се што имам во мене.
Наплив на голема еуфорија значи да леташ, да врескаш, да сакаш со се во тебе и ништо не може да те сопре. Еуфорија е да ја раскажеш приказната како да си ја доживеал да живееш во битието во некој друг, да се движиш, да зборуваш како него и сите да мислат дека си некој друг. Еуфорија е патот до рајот, патот на невиноста кон пеколот, патот на вљубениот кон кобна пропаст, кон огромна генијалност, патот до уметноста.
Патот кој би го поминале до толку блиска локација но толку далечни срца. Кажи ми за љубовта те молам, ќе се задржам на секој збор и ќе го зацртам во меморијата, но кажете ми кога ќе заврши мојата казна, кога ќе се отковаат моите ланци, кога твоето срце би го дал?
Јас немам војска, немам платени убијци, немам ништо освен тело без душа, и дух без емоција. Ти си тој кој ми го држи битието под опсада и насмевката во кафез, ти си ми како ноќта што му е на денот, како месечината на сонцето, како снегот на летото и горештината на зимата. Сите ми велат дека нема да трае оваа опсесија со твоето постоење, еден ден срцето би ми било нормално во твоја близина и би знаела дека го има, дека се вратило од патот околу светот бркајќи те тебе. Но како им е нив, со нивните долго заборавени животи, незнаат ли тие за лудилото на уметникот? Незнаат ли тие паметните, како е да имаш толку светови во твојата душа и да пробуваш да балансираш илјадници луѓе кои живеат во тебе, стотици градови кои бараат знаменитости, милиони  моменти кои треба да ги усовршиш? Незнаат ли тие за една  ноќ под ѕвездите каде барав прошка од моите дела затоа што се вљубив во некој чие постоење го замислувам во моето, и му го пишувам животот во мојата меморија?
А јас пак незнам за доста, ненаситна сум за зборови, ненаситна сум за сцена каде би постоела и по мојата смрт, ненаситна сум за засекогаш. Не си ја сакам смртта како што ги сакам зборовите, не си го сакам животот како што сакам свет на интелегенција, свет на личности кои би сватиле дека има повеќе од тоа што го гледаат, има повеќе од таа бариера во нивниот мозок која не сакаат да ја преминат.
Има повеќе во љубовта која е горчлива но и слатка, како лимунада во дехридрација која ти го гори  грлото но ти ја задоволува потребата. Има повеќе во моите очи отколку што си мисиш...кога ја вртам главата ми се мешаат сите твои насмевки и нашето несудено засекогаш кое ме прогонува во постоењето.
Како е да те немам?
Ми горчи, ме боли и ја кобам секундата кога те запознав.
Како е да те сакам?
Чувството на комплетна еуфорија на крајот на едно совршено дело.
Заклучок: Би јавала на грбот на нашето запознавање, кон портите на твојата безобразно добра насмевка, во одаите на твоето совршенство, на креветот каде би го прославиле НАШЕТО засекогаш...
Дестинација: Облаците, каде несудените творат за љубовта.

Thursday, April 23, 2015

Дестинација засекогаш

Чувството кога солзите тропаат на капаците за да ги пуштиш надвор како робови на душата која некогаш се надевала на постигната цел, го знам тоа чувство како што си ја знам раката. Таа недобредојдена депресија на душата која те тера да полудиш, баш таа која те тера да бегаш што подалеку од болката, да си ги затскриеш солзите а се насмевнеш и да продолжиш понатаму.
Како срцето деновиве?
Би ве прашала со насмевка и сите би се насмеале и образите би ви поцрвенеле поради некој таму кој ви ги полудува хормоните и кој ви чита приспивни бајки секоја вечер.
Ви чита за висечките градини и за срцата заклучени на еден ѕид со испишани имиња, ве потсетува за светот на љубовта кој ви го нуди. Сите се плашиме од тоа чувство да му ги предадеме конците на некој кој секојдневно си игра со марионети.
Дали постои мраз во пролет, и цвеќе во зима?
Кога некој ви чита за засекогаш срцето ќе ви препукне, некој кој умее да си игра со светот по желба и да ве натера да се вртите понего и да тргнете по улиците со кратки ракави а времето нуди ниски температури. Се тресеш и играш и се надеваш дека љубовта ќе те стопли.
Колку е магично само да му дадеш на едно чувство толку многу контрола, се смееш и одгвараш искрено.
Амбиција во животот ми е да напишам една совршена бајка, баш како Дизни и ќе им влеам надеж на сите мали деца со погледите кон ѕвездите и носињата залепени со стаклото на прозор кој ги дели од една прекрасна лага. Но лагите не тешат сите, лагите ни ја даваат таа надеж и ние сите се надеваме дека првото кокиче ќе трае долго време.
Таа беше личност која секогаш ќе ја обожувам, и умееше срцето да си го затскрие во насмевка, и тие солзи кои ги имаше проронато беа бисери на нашето пријателство и ѓерданот ќе го носам како предзнак на среќа.
Одјававме до најдоцните часови со ритам на предстојна болка и песни кои ги знам и нема да признам колку ми беше мило што беше започната нејзината приказна во паралела со мојата.
Двете сме жртви на една бајка под прозорецот на нашиот дом и двете сме заедно во игра на милост и немилост во интелегенцијата на љубовта.
А таа се шири напред и ни праќа разгледници од светот, со натпис што е тоа љубов?
Јас би ја пратила мојата со мал одговор, нема да влевам една книга во еден збор, но можам да кажам две реченици.
Љубов е онаа депресија на надеж и компресија на секој момент поминат со една личност. Љубов се невини солзи и лице кое се крие од погледот од љубовта.
А тие кои ги обожувам, чиј пат се испреплетува со мојот на многу начини, за нив е најлесно. Љубовта за него е таа а за неа е тој, кога седат заедно и фантазираат за поголема цел каде би ја прикажале плод на боговите на засекогаш.
За мојата муза љубовта останува неоткриена, но сепак тој ми е омилена цел од многу.
За неа љубовта е да се смрзнеш во лажна пролет за да проследиш рутина на некој кој се осмелил да ја погледне како си оди. Љубовта е невина и една и таа е упатена баш таму.
Заклучок: Учиш од животите на тие околу тебе, учиш од навики и плетки на судбината кои се отплетуваат прерано, учиш од зборовите на историјата испишана во величенствени дела.
Дестинација: Засекогаш, најслатката лага.

Wednesday, April 22, 2015

Дестинација бајките

Порано се прашував што значи тоа прва љубов, одговорите кои ги добив беа капка роса во пролет, загубени и никогаш не видени.
Ми рекоа дека кога прв пат ќе се вљубиш како подарок добиваш еден цел жив свет во стомакот кој нема да те остави на раат кога ќе го здоглеаш твојот Принц и не грешеа.
Не грешеа кога ми кажаа дека се би сторила само да ја видиш неговата насмевка, и кога ми кажаа колку боли кога размислуваш за неговиот секојдневен живот, кога тој е твојата секојдневност и не можеш да го испуштиш.
Но не ми кажаа дека живтот во секоја бајка е ограничен и има уште толку многу што не се гледа со голо око. Си мислиш дека се е така едноставно дека љубовта е на прв поглед и засекогаш е бозобразно добрата насмевка на неговото лице. Се е така невино и наивно осмислено што и самата поверував дека погледот му лежи кај мене и мислите се исреплетуваат со моите во едно блаженствено соѕвездие кое никогаш нема да го заборавам.
Светот изгледа поубаво кога си вљубен. И полоќ така брзо заминува кога танцуваш на мелоија на надежта.
Но ти си мојата муза, сепак не е се виножита и еднорози во “нашата„ приказна, неможам да заборавам дека Беатриче никогаш не го љубела Данте, и тоа го довело до врвот на слава.
Но јас, јас сум само патник низ сурово време, само игла во твоето сено И љубовта ми се чини сеедна кога се разминуваме само со една насмевка сосем невина и наивна.
Во бајките принцот ја брка својата принцеза, во бајките принцезите се борци, острилка на мечот на нивните љубени. Во бајките сите завршуваат среќно.
Но јас и ти, ние сме толку исти колку што сме различни. Ти си тој а јас сум само уште една таа која ќе ја забравиш. Предодредени сме за друго време и ја кобам зимата кога те запознав, но исто така и се заблагодарувам за иглата која ми ја подари да си го зашијам срцето со ефтини конци. Милостината која ми го соедини срцето, но што добро има во тоа кога еден по еден конците се кинат кога ќе те здогледам така среќен и разигран и срцето ми игра со лудо темпо и не можам да го стигнам. Доаѓа пред тебе и на колена моли да го земеш и да го сокриеш баш до твоето, и баш кога успевам да го достигнам го гледам скршено и тажно и неможам да му најдам лек.
Можеби се изгубив на патот низ димензиите и сега сум во некоја земја на чудата со безобразно добар изглед и мелодија на која танцувам но не можам да престанам, јас сум мутација на природата и сите ми судат за натприродното. Јас сум кобно изгубена и те молам да ми пратиш честитка од Њујорк , или Париз, или од Фиренца и да ми го опишеш патот до твоето срце каде и да е. Ќе си купам карта за воз и ќе го бркам каде и да е, и кога би го имала би ја почнала нашата приказна.
“Си била еднаш една голема надеж и една поголема будала, која го свртела светот бркајќи едно срце...“
Сепак, сето тоа би ми вредело. Зошто снегот се стопи а јас сеуште се вљубувам во тебе.
Заклучок: Првата љубов е најслатката бајка.
Дестинација: бајките каде би била Ема на твојот Кука.

Tuesday, April 21, 2015

Дестинација седмо небо

Го живееше животот со замисла на големи нешта, живееше слободоумно и љубовта ја сметаше за миновен циркус кој ти остава само блага меланхолија која брзо поминува.
Си заставуваше цели во животот кој за некој период ги достигнуваше и бев просто импресионирана од личноста која таа беше. Кога одеше по ходникот ја погледнуваа со завист и омраза, си мислеа на неа како подолна од нив, но интелегенцијата и беше на таванот и погледите кои ги добиваше беа само капка љубомора.
На некој начин и не веруваше во љубов. Си ги бираше машките како облека во продавница, и ги фрлаше на страна кога ќе и се здодевеа, сепак со неа припаѓаше личност која поседуваше еден вид на нејзината интелегенција и темпо на живот.
Авантурите кои ги водевме беа доста смешни, беше ново да дознаеш до каде можеш да одиш со некого и до кој степен можеш комплетно да го уништиш, но на крајот на денот љубовта беше само игра и таа и се смешкаше во лицето.
Беше зима, доцен Декември, на листата имаше зацртано уште една цел и ја имаше исполнето кога тој се сопна од неговата рутина и стана константна наша.
Ја гледаше низ други очи и пробуваше да ја импресионира и задоволи. Ни самата јас не знам каде таа нивна плетка почна, но можам да нагаѓам каде плетката ќе им заврши.
Пред да си одиме и ја искажа неговата љубов и паника прерасна во неа. Најдолгото нешто во љубовта и траеше два три дена и кога си замисли каков би бил живтот во светот на љубовта мислам дека одговрот кој го доби и беше позитивен.
Ја имаше најголемата насмевка на лицето и зрачеше со таква среќа каква што не сум видела.
Беше ас, целеше да биде најдобра во се, но со него беше личност каква не сум видела.
Се сопнав да ја гледам нивната приказна и можам само да сведочам пред Купидон за неговата најголема креација.
Танцуваше на мелодијата на седмото небо баш со момчето со картите кој и го зграпчи срцето и не сака да и го врати. Но таа не си го бара назад само се смее и му ја држи раката, зошто љубовта е да му ја дадеш шансата на некој да те уништи и тој да те зграпчи и одведе на најубавото место на светот.
Заклучок: Кога ќе најдеш некој со кој се будиш и стануваш, и кога ќе го видиш во ходникот се целиш да бидеш во неговите раце, чувај го зошто е еден во векот.
Дестинација: Седмо небо, таму каде најмалите непланирани случајности се претвораат во една и единствена љубов.

Sunday, April 19, 2015

Дестинација бегство

Дефиниција за општество се пронаоѓа во една бизарна играчка која некои од нас имале задоволство да ја поседуваат.
Беше тоа еден модел на куќа од соседството, малечка со семејни мотиви, на два ката со неколку собички каде мебелот те тераше да помислиш на стереотипот за совршениот дом. Тоа беше прекрасен додаток во моите играчки и поттик на моите идеали за општеството и сомнежи за светот денес.
Куклите кои ги имав беа “совршени„ но ми се гадеше од вечно убавите тела и косите кои им изгледаа совршено но после една недела се плеткаа и изгледаа како мрежа на пајак. Почнав на создавам антипатија кон вообразено облечени девојки кој се држеа до стандардите на Барби во 21 век.
Да се вратиме до таа дефиницијата на општеството, во куќичка за кукли постојат нормални секојдневни рутини и стереотипи за нормално семејство, што е навистина вообразен и не осмислен бедејќи му судиме секому кој е надвор од линиите на овие стереотипи.
Се прашувам како би било да можам да се видам како убава личност, да можам да прастанам да им судам на оние вечно опседнатите со популарноста и да можам да си ја признаам љубовта без некој слатко да ми се изнасмее во лицето и да им пренесе на сите.
Си го кобам постоењето поради суровите дефиниции на општеството и мутациите кои тоа ги придонесува на светот.
А и нема долго да не има, но доаѓаат други, понови модели на глупави личности кои немаат друга цел освен да озбруваат и да нанесат штета на секој друг.
Би седела на прозорецот во мугрите на ноќта со насмевка на лицето и свеќа во раката да си ја осветлам старата книга поради која се смеам, би му признала на симпатијата дека се вљубувам во начинот на кој се изолира од општеството поради начинот на кој тивко е добар со сите, би и кажала на мајка ми дека лекот кој го бара нема да го најде во мислењето на другите за самохраните разведени мајки и добрината која ја поседува.
И не би ми било гајле за црните очи на општеството кои ми го проследуваат секој чекор.
Заклучок: Светот еволуира во маса на самобендисани омразени и безобразни луѓе кои ќе ја срушат таа маса самите врз себе.
Дестинација: Димензија каде темелите на општеството се срушени и има маса на луѓе кои го гледаат доброто и не знаат за озборувања и нож кој се збива во грбот.

Saturday, April 18, 2015

Дестинација: Февруари

Стојам пред прагот на љубовта на столетието, се наоѓам пред болна мисла на засекогаш и се прашувам што би било ако влезам внатре, каде би одлетала?
А внатре рацете на судбината се сплетуваат во извондредни плетки на болка. Како може љубовта да е сеедна?
Славните канџи на зимата посегнуваат по срцето на неискусни борци и војната е загубена баш во растопените улици каде се смееме а срцата испишуваат траги од зборови кои и ден денес ги памтам.
Памтам како беше кога си вљубен, и тоа во зимата, кога снегот те лаже дека си оди а доаѓа повторно со нови горки спомени кои ни китките на пролетта нема да ги надминат. А таа невина душа која само еднаш љубела, седев до неа доцна во ноќта кога исчеувањето го прикриваше со насмевка но погледот и беше закован пред портите каде ако и се посреќи ќе добие поглед за кој ќе се смее како лисица после тоа. Во сништата беше како принцеза, а деновите ги иседуваше во сенките на лудите пријатели и тивката природа, но за неа љубовта беше нова и слатка, но горчината ќе ја изедеше.
Рецете и беа отплеткани од конецот на надежта баш пред најисчекуваниот период во животот. А годината беше започната кога се смеевме до доцните часови и ги преспивавме утринските часеви, не знам ни јас каде плетката беше започната, но се надевам дека повторно ќе продолжи иако конецот наводно се скина, но знам дека крајот лежи каде љубовта почнува, а љубовта беше горештина во ладна зима, и сите ја кобат дека не постои.
Памтам црвенило на образите и заблуденост во говорот на почетокот.
А кога се започна беше бајката од книгите и филмовите за која секој мечтае, беше песна која не можам да ја именувам и шепот на кој не можам да се сетам.
Гледав како снегот си оди но се враќа и пролетта се бори да излезе, но кога и да се појавеше веднаш паѓаше во кобните шепи на зимата и топлината на првата љубов се уште траеше во еден сон на совршенство и надеж.
Мислам дека надежта е најкбното нешто во таа проклета кутија на Пандора бидејќи гледаше кон небото со надеж броејќи ги авионите, и гледаше на саатот да фати некој цагер, и свесно ги следеше патеките само да го погледне, а се тоа беше илузија за надежта.
А сите ние ја држиме надежта со канџите околу нејиниот врат а таа се смее и ни одзема се. Неволно би ја пуштила но мислам дека не можам, бидејќи кога некој те отурне од себе а ти се вртиш како балерина низ градот скокајќи од улица на улица мислејќи на убавите зборови и солзите на перницата, таа надеж те убедува дека на крајот на градот те чека со рацете отворени, баш како првата ноќ кога те убедуваше дека добрите девојки не припаѓаат со лошите момци, но ти се смееше кога ќе те излажеше но кога дискретно гледаше во училницата, ех тоа беше животот.
Не кога љубовта беше сеедна, и повторно патувавме во доцните часови на ноќта кобејќи ја таа надеж која е комплицирана до степен кога има појава на нова нејасна структура која не можеш да ја отплеткаш и разбереш и мораш да ја исечеш за да се спасиш, но не можеш да елиминираш чувство, бидејќи љубовта не е директна, таа е грижа, таа е јато пеперутки во стомакот, и хормони кои те полудуваат, а тој стоеше на прагот за да не те повреди.
Заклучок: Кога спомнав за горештина во ладна зима, и сите велат дека не постои би се смеела. Зошто тоа чувството кога се тресеш во минус 20 степени завиткана во капути и џемпери, но рацете ти горат и стомакот одбива да се смири, на лицето чувствуваш сонце и очите ти се вперени во некоја личност со безобразно добра насмевка.
Тоа е љубов, и таа постои но знае и а те преплаши до смрт.
Дестинација: Февруари, пијам зашеќерена лимонада и не го чувствувам горчливиот вкус на болката од скршено срце.


јована ѓерасимоска