Дестинација неповрат
Tuesday, December 1, 2015
Дестинација: ВНИМАНИЕ
Приказната денес всушност е писмо за збогување, трагична пародија на пропалица, и и придавам значење бидејќи имаше многу личности кои всушност ќе се соживеат со моето мислење.
Имаше една трагична глад за внимание и си донесе толкав трагичен крај врз себе што кога накрајот висеше срамента со земја и мртва од мене излегуваше хистерична смеа од задоволство.
Беше кралица на лагите, сакаше да биде доминанта на општеството, вниманието ја хранело, а лагите и биле средство на изразување.
Живеела во трагичен дворец од закани и личности кои ги изманипулирала и слабо бедно и патетично потпаднале пред нејзиниот грозен лик.
И била епитом на беда, грда како самите ѕидови во најдлабокиот дел од пеколот со никаков пламен во устата.
Не и придонесувале големо значење, одмерен поглед на гадење и радост во очите на нејзината ниска цена. А ја дарувале со некакво внимание.
И во точката на кулминација, кога вниманието го достигнало врвот во нејзиниот мизерен живот потпаднала под очај и потреба за уште.
А оние кои биле согледани највиско и го одземаат тоа внимание.
И скандал.
Мислам тука сарказмот ми ја поцрнува душата но еден патетичен обид за внимание подоцна таа беше помизерна од самиот беден гнев на ѓаволот.
И во нејзината Пандорина кутија остана проста желба а јас сурво се изнасмеав на тоа како одби спас за внимание.
И како Дориан Греј беше пронајдена со бодежот во срце и беше погребана надвор од спомените на луѓето кои и даруваа внимание.
Заклучок: На оние желни самите да се уништат всушност не им треба спас. Само завртетеа главата и одбијте ја понудата за на погреб.
Храната не чини.
Дестинација: Внимание, чија приказна е трагична но и смешна.
И најлесно заборавена.
Tuesday, October 20, 2015
Дестинација: Пурпурниот дожд
Ја наметнав качулката. Насмевка ми се исцрта на усните и зборовите ме давеа како што ја преземав улогата.
Маглата околу мене ме држеше чиниш во кафез и бев присилена да ги чепкам нивните раце да се смеам на нивните поздрави да гледам во нивните очи да се давам во еден поглед прекорен и да ги пречекорам најмачните чекори кон него. Бев затворена школка обвиткана во триста свили и завеси и зенемував на помислата на надвор кон незаштитените допири и осудувачките очи но се излажав на една безобразно прекрасна насмевка и зборови кој мене ми беа мелодија на совршенство.
Пречекорев како срна пред фарови и стравот ме демне додека бегам но нема тишина каде што можам да ги измијам очите од болката. Таа проклета кукавица ми го гори јазикот како што се борам да излезам надвор но побезбедно е да се сокриеш отколку да изложиш се во галеријата на болката.
Прекрасно е да те осудат и наречат кукавица и да пробаш да се извиниш за сите срања кои те исплукале по патеката. А јас во рацете чувам скапоцена нишка на најчистата напивка од сите. Во вениве тече крв залиена со солзи кои ги голтам.
Наеднаш си помислувам на онаа совршена карпа на врвот од мојот свет трчам боса кон неа баш каква што сум. Сите лузни да блеснат и сите солзи да го искапат телото и душата ми ечи во јазикот кој така течно и разбирливо го зборувам.
Врескам ТЕ САКАМ под небото.
...се извинувам по милионит пат неделава. Се сокривам во твојата идеална помисла за НЕА и чекорам сакајќи да бидам твојата љубена.
А лузниве ме потсетуваат дека боли секој пат кога ќе чепкаш оган и овој пат ја ставам качулката подолу. Пробувам да бидам слепа во темнината уживам во фатаморгана на нијанса посветла темнина но во мојот тунел никогаш нема светлина.
Ги бришам солзите, ми требаше светлина не седум нијанси потемна темнина и пробувам да заминам.
Заклучок: Како некој да ти докаже дека те сака?
Да почнам со среќно засекогаш...гест на совршенство, гест кој избавува насмевка, зборови кои ти даваат сигурност.
Дестинација : Пурпурниот дожд, седам на сантиметар до илизијата а последните мисли ми се за љубовта.
Sunday, October 11, 2015
Дестинација: Петнаесет
Празен лист хартија, доста многу повредена душа. Осамната желба и патот кон неповрат.
Беше тоа време на младост, глупава илузија на храброст и уште неколку зборови подоцна доволна болка да ги засени сите лузни и повреди и болки.
Беше тоа игра чија причина нема да ја разберам но беше игра на искусен куклар и марионета.
Напразни зборови и фрази кои сопреа многу брзо. И осамнати погледи кон другите, горчина во грлото поради тоа што никогаш не постоело во моето секојдневие. Среќа за секого, гордост како прелива од одамна полна чаша. И принципи продавани за најниските цени. Зборови кои никогаш не ги изустив, и разговори кои ги водев сама со себе но никогаш на глас.
Беше она, сите се подобри, и тетратки испишани со зборови од љубов и чудни песни подзаборавени но никогаш предадени. Беше она чувство на фатаморгана по улиците а дома надеж дека се материјализа мојата среќа пред мене.
И накрај е синџир на лудило околу мојот врат и проклета желба за нешто сосем поинакво.
Заклучок: Несигурноста е изобилие на повеќето од нас, а се храни од тишината и пропуштените моменти. Надежта е најслатката лага од која произлегуваат оние приказни за среќно засекогаш и за принцови кои се им удоволуваат на своите принцези и витези со зборови на копнеж и љубов. Лагата е најголемата болка, острица на сечило и преќутени моменти од испревртена приказна која има за цел да уништи.
Дестинација: Петнаесет, изопачена средина од сите месеци. Кога не е нов почеток или болен крај кога се е мелодија на нешто совршено.
Saturday, August 1, 2015
Дестинација 2 || 05:00
Се стремиме да паднеме во рацете на некои слични на нас. Оние кои душата ни ги препознава и не тера кон нив. Немаме очи робови сме на темнината само едно чувство не води. А темината е темнина и во стрмни простории како животот ќе паднеме и нема да го пронајдеме светот повторно. Се препознаваме во лицата на оние со исти страданија како нашите и болка како во огледало. И со фенери светиме го бараме човештвото. Но кој ќе не спаси од темнината ако не ние самите, ако стоиме и дозволуваме стрели да маваат во нас и не се браниме.
Ние сме робови на болката и тишината а насмевката на лицето ни е уметност. Но тука се оние доцни часови кога уморот ти го тресе телото и главата е изложена на болка но немаш билет за во земјата на соништата.
Тогаш е мозокот најбуден.
Заклучок: Универзумот е без крај со билијарди теории и милиони докажани. А најмногу ја сакам онаа која тврди дека се создал од ништо. Јас сум ништо, празен канвас. Боите се во тебе и перото е во тебе. Избоиме со твоето постоење.
Дестинација: 05:00 кога небото е парадокс на онаа убавина а солзите се бисери на секоја болка.
Tuesday, July 28, 2015
Дестинација 2 || Летото
"Утрово со неа...пиеме кафе."
Џони Кеш на прашањето за рајот.
Февруарската горчина со тежина на зимата ме опиваше во мирисот на шолји кафе кои никогаш не го имаа тој остар грд вкус на наскафе кое одбивав да го пијам. А чоколадото не беше доволно. Миговите беа миновни и се давев во заборав како што секогаш требаше да биде. Се криев во сенките како што се дефинирав која сум јас. Личностите околу мене не ме дефинираат. Не ме дефинира името или презимето или пак адресата. Се дефинирам под ѕвездите како муза на поети кои изумреле пред мене и фрлам стихови.
Ме дефинира мојата душа кога ќе се насмевнам или кога постојано се смеам во најчудни моменти. Не се смеам искрено често. Навикнав да се кријам во кожата која ми е наметната од општеството и да го гризам јазикот кога стилот ми е глупав, или кога ми треба друштво или кога музиката ми е без врска. Нивните идентитети се темелат на мислењето на другите. Мојот сама го кројам.
Го кројам од спомени на сите месеци. Како што се менуваат деновиве и јас се менувам. Зимата ме фрли во нешто неочекувано а пролетта ме повреди. Сега летово ми носи нови денови. Нови приказни нови мигови.
Животот ми шепоти за рајот. Кафето не е горчлива илузија на љубов. Вистинско е го пијам го обожувам. Животот се врти како ба рингишпил не запира. Слегнуваме и се качуваме. Се движи нагоре надолу како срцата во нашиве гради. Кафези на сите тие мигови.
Заклучок: Две коцки шеќер и две сезони подоцна. Прекрасно е времето надвор. Се менуваме толку многу бидејќи се прилагодуваме. А убавината на секое битие е способноста да се прилагоди.
Дестинација: Летото. Каде стоиш скаменета пред очите на некој кој не се предава на љубовта.
Saturday, July 25, 2015
Дестинација 2 || Бесконечно
Живееме во свет на бројки и равенки кои претскажуваат повеќе случајности од пророци низ вековите. Живееме во некоја формула која одредува компатибилност и се уверуваме дека фактите грешат.
Живееме во напуштени светови проколнувани од населението и безживотни досадници кои немаат со кога да ја играат играта на математиката па молат за внимание како проститутка што наплаќа од ноќ.
Вниманието им треба како што неа и треба дом и храна и дрога.
А незнаат тие за старите души. Незнаат тие за доза на уметност или шприц со зборови. Незнаат тие за најдоцните и најраните часови и убавината на светот. За боите на небото и парадокс на ѕвездите. Не знаат за војни и мир.
Не слушнале за душата до сега. За мелодии на надеж и ноти на приспивна песна. За паралелни димензии на бајки и насмевки тајно скриени во перница или солзи во слоевите на памук каде што лежиме.
Не знае општеството за свој пат...не знае математика. Возраста им го одредува судењето а докази им се нашите лични животи. А судија е само природата која ја газат и искористуваат со некои глупи измислени норми и темели.
Заклучок: Дело во музеј...уникатно и нежно...совршено...обожувано...го плукаат...
Дестинација: Бесконечно во равенките за уметност и душа. Спектар од сите нијанси и нектар од најсочни зборови. Тепих од души во бои и небо од досадни безживотни производи на општеството. Помеѓу има само војна...само гад и непресметаност.
Wednesday, July 22, 2015
Дестинација 2 || Величенственост
Колку совршенство се крие во изгорена душа? Колку болка тлее во заборавот?
Се разминуваат возовите се збогуваат луѓето, крадат последни моменти забораваат на реалноста.
Најубавите работи се оштетени. Очите се најубави насолзени а пак животните се најслатки кога се ранливи. Кога ќе му кажеш некому дека лузните се реалност дека болката е наша креација и сатисфакција кога се издигнуваш од неа како феникс од пепелта силен и моќен и со боите на животот, треба да ти верува. Борец си, живееш. Те повредиле. Те навредиле. Продолжуваш. Сакаш.
Очите ќе ги избришеш ќе украдеш насмевка, ќе ја оцрташ како спомен. Ќе ја запамтиш вечно ќе легнеш во неа. Солзите ќе пресушат ќе се изгуби сонот. Ќе го поделиш твојот.
Сонот е желба а таа пак надеж.
А реалноста е кога посегнуваш и допираш вистински работи.
Вистинско е да утешиш некого да му подариш време, да ги излечиш животните да ги прибереш во твоите раце и да им дадеш дом во твоето срце.
Вистинско е времето кое не ми дава утеха. Ми дава само утре и ги подбива моите солзи.
Времето не ја дефинира мојата душа. Таа видела многу. Таа искусила многу и трага по вистинското.
Трага по зборови и слики и вечност на полиња и теписи со лаванда и мирис на колонска вода што те полудува. Присуство кое ти е зависност и неможеш да го пуштиш. Се бориш и се гушиш но ја играш играта докрај дури и ако изгубиш на крајот.
Вистинско е да се противиш на масата на овој свет и присуството на други те плаши и ти вели стој подалеку. Напади на паника кои те плашат од се и кошмари на зборови кои никогаш не пресушиле.
Бунари без дно бараш заборав но клаустрофобија те пречекува.
Сакам кога некој ќе ми ја задржи раката и ќе ме натера да не мислам на болка да се вратам на надеж.
Да се вратам на палуба пред да ми потоне бродот и да се освестам од пијанство.
Се удавив во зборови во спомени.
Тие се вечни.
Тие се убави. Тие ме тешат навечер кога солзите ми го крадат кротково тело.
Тие се се. Една слика или две, потреба по амнезија за да се водам по чувства.
Пак тука би завршила.
Те бркам но не знам како да те имам.
Заклучок: Зошто се однесувате ладно? Колкава острица ми треба да се изборам против времето и болката?
Дестинација: Величественост каде се е во ред. Се е можно и каде нема војна нема убедување. Се е како во бајките.