Колку совршенство се крие во изгорена душа? Колку болка тлее во заборавот?
Се разминуваат возовите се збогуваат луѓето, крадат последни моменти забораваат на реалноста.
Најубавите работи се оштетени. Очите се најубави насолзени а пак животните се најслатки кога се ранливи. Кога ќе му кажеш некому дека лузните се реалност дека болката е наша креација и сатисфакција кога се издигнуваш од неа како феникс од пепелта силен и моќен и со боите на животот, треба да ти верува. Борец си, живееш. Те повредиле. Те навредиле. Продолжуваш. Сакаш.
Очите ќе ги избришеш ќе украдеш насмевка, ќе ја оцрташ како спомен. Ќе ја запамтиш вечно ќе легнеш во неа. Солзите ќе пресушат ќе се изгуби сонот. Ќе го поделиш твојот.
Сонот е желба а таа пак надеж.
А реалноста е кога посегнуваш и допираш вистински работи.
Вистинско е да утешиш некого да му подариш време, да ги излечиш животните да ги прибереш во твоите раце и да им дадеш дом во твоето срце.
Вистинско е времето кое не ми дава утеха. Ми дава само утре и ги подбива моите солзи.
Времето не ја дефинира мојата душа. Таа видела многу. Таа искусила многу и трага по вистинското.
Трага по зборови и слики и вечност на полиња и теписи со лаванда и мирис на колонска вода што те полудува. Присуство кое ти е зависност и неможеш да го пуштиш. Се бориш и се гушиш но ја играш играта докрај дури и ако изгубиш на крајот.
Вистинско е да се противиш на масата на овој свет и присуството на други те плаши и ти вели стој подалеку. Напади на паника кои те плашат од се и кошмари на зборови кои никогаш не пресушиле.
Бунари без дно бараш заборав но клаустрофобија те пречекува.
Сакам кога некој ќе ми ја задржи раката и ќе ме натера да не мислам на болка да се вратам на надеж.
Да се вратам на палуба пред да ми потоне бродот и да се освестам од пијанство.
Се удавив во зборови во спомени.
Тие се вечни.
Тие се убави. Тие ме тешат навечер кога солзите ми го крадат кротково тело.
Тие се се. Една слика или две, потреба по амнезија за да се водам по чувства.
Пак тука би завршила.
Те бркам но не знам како да те имам.
Заклучок: Зошто се однесувате ладно? Колкава острица ми треба да се изборам против времето и болката?
Дестинација: Величественост каде се е во ред. Се е можно и каде нема војна нема убедување. Се е како во бајките.
Wednesday, July 22, 2015
Дестинација 2 || Величенственост
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment