Sunday, October 11, 2015

Дестинација: Петнаесет

Празен лист хартија, доста многу повредена душа. Осамната желба и патот кон неповрат.
Беше тоа време на младост, глупава илузија на храброст и уште неколку зборови подоцна доволна болка да ги засени сите лузни и повреди и болки.
Беше тоа игра чија причина нема да ја разберам но беше игра на искусен куклар и марионета.
Напразни зборови и фрази кои сопреа многу брзо. И осамнати погледи кон другите, горчина во грлото поради тоа што никогаш не постоело во моето секојдневие. Среќа за секого, гордост како прелива од одамна полна чаша. И принципи продавани за најниските цени. Зборови кои никогаш не ги изустив, и разговори кои ги водев сама со себе но никогаш на глас.
Беше она, сите се подобри, и тетратки испишани со зборови од љубов и чудни песни подзаборавени но никогаш предадени. Беше она чувство на фатаморгана по улиците а дома надеж дека се материјализа мојата среќа пред мене.
И накрај е синџир на лудило околу мојот врат и проклета желба за нешто сосем поинакво.
Заклучок: Несигурноста е изобилие на повеќето од нас, а се храни од тишината и пропуштените моменти. Надежта е најслатката лага од која произлегуваат оние приказни за среќно засекогаш и за принцови кои се им удоволуваат на своите принцези и витези со зборови на копнеж и љубов. Лагата е најголемата болка, острица на сечило и преќутени моменти од испревртена приказна која има за цел да уништи.
Дестинација: Петнаесет,  изопачена средина од сите месеци. Кога не е нов почеток или болен крај кога се е мелодија на нешто совршено.

No comments:

Post a Comment