"Утрово со неа...пиеме кафе."
Џони Кеш на прашањето за рајот.
Февруарската горчина со тежина на зимата ме опиваше во мирисот на шолји кафе кои никогаш не го имаа тој остар грд вкус на наскафе кое одбивав да го пијам. А чоколадото не беше доволно. Миговите беа миновни и се давев во заборав како што секогаш требаше да биде. Се криев во сенките како што се дефинирав која сум јас. Личностите околу мене не ме дефинираат. Не ме дефинира името или презимето или пак адресата. Се дефинирам под ѕвездите како муза на поети кои изумреле пред мене и фрлам стихови.
Ме дефинира мојата душа кога ќе се насмевнам или кога постојано се смеам во најчудни моменти. Не се смеам искрено често. Навикнав да се кријам во кожата која ми е наметната од општеството и да го гризам јазикот кога стилот ми е глупав, или кога ми треба друштво или кога музиката ми е без врска. Нивните идентитети се темелат на мислењето на другите. Мојот сама го кројам.
Го кројам од спомени на сите месеци. Како што се менуваат деновиве и јас се менувам. Зимата ме фрли во нешто неочекувано а пролетта ме повреди. Сега летово ми носи нови денови. Нови приказни нови мигови.
Животот ми шепоти за рајот. Кафето не е горчлива илузија на љубов. Вистинско е го пијам го обожувам. Животот се врти како ба рингишпил не запира. Слегнуваме и се качуваме. Се движи нагоре надолу како срцата во нашиве гради. Кафези на сите тие мигови.
Заклучок: Две коцки шеќер и две сезони подоцна. Прекрасно е времето надвор. Се менуваме толку многу бидејќи се прилагодуваме. А убавината на секое битие е способноста да се прилагоди.
Дестинација: Летото. Каде стоиш скаменета пред очите на некој кој не се предава на љубовта.
No comments:
Post a Comment