Tuesday, July 28, 2015

Дестинација 2 || Летото

"Утрово со неа...пиеме кафе."
Џони Кеш на прашањето за рајот.

Февруарската горчина со тежина на зимата ме опиваше во мирисот на шолји кафе кои никогаш не го имаа тој остар грд вкус на наскафе кое одбивав да го пијам. А чоколадото не беше доволно. Миговите беа миновни и се давев во заборав како што секогаш требаше да биде. Се криев во сенките како што се дефинирав која сум јас. Личностите околу мене не ме дефинираат. Не ме дефинира името или презимето или пак адресата. Се дефинирам под ѕвездите како муза на поети кои изумреле пред мене и фрлам стихови.
Ме дефинира мојата душа кога ќе се насмевнам или кога постојано се смеам во најчудни моменти. Не се смеам искрено често. Навикнав да се кријам во кожата која ми е наметната од општеството и да го гризам јазикот кога стилот ми е глупав, или кога ми треба друштво или кога музиката ми е без врска. Нивните идентитети се темелат на мислењето на другите. Мојот сама го кројам.
Го кројам од спомени на сите месеци. Како што се менуваат деновиве и јас се менувам. Зимата ме фрли во нешто неочекувано а пролетта ме повреди. Сега летово ми носи нови денови. Нови приказни нови мигови.
Животот ми шепоти за рајот. Кафето не е горчлива илузија на љубов. Вистинско е го пијам го обожувам. Животот се врти како ба рингишпил не запира. Слегнуваме и се качуваме. Се движи нагоре надолу како срцата во нашиве гради. Кафези на сите тие мигови.
Заклучок: Две коцки шеќер и две сезони подоцна. Прекрасно е времето надвор. Се менуваме толку многу бидејќи се прилагодуваме. А убавината на секое битие е способноста да се прилагоди.
Дестинација: Летото. Каде стоиш скаменета пред очите на некој кој не се предава на љубовта.

Saturday, July 25, 2015

Дестинација 2 || Бесконечно

Живееме во свет на бројки и равенки кои претскажуваат повеќе случајности од пророци низ вековите. Живееме во некоја формула која одредува компатибилност и се уверуваме дека фактите грешат.
Живееме во напуштени светови проколнувани од населението и безживотни досадници кои немаат со кога да ја играат играта на математиката па молат за внимание како проститутка што наплаќа од ноќ.
Вниманието им треба како што неа и треба дом и храна и дрога.
А незнаат тие за старите души. Незнаат тие за доза на уметност или шприц со зборови. Незнаат тие за најдоцните и најраните часови и убавината на светот. За боите на небото и парадокс на ѕвездите. Не знаат за војни и мир.
Не слушнале за душата до сега. За мелодии на надеж и ноти на приспивна песна. За паралелни димензии на бајки и насмевки тајно скриени во перница или солзи во слоевите на памук каде што лежиме.
Не знае општеството за свој пат...не знае математика. Возраста им го одредува судењето а докази им се нашите лични животи. А судија е само природата која ја газат и искористуваат со некои глупи измислени норми и темели.
Заклучок: Дело во музеј...уникатно и нежно...совршено...обожувано...го плукаат...
Дестинација: Бесконечно во равенките за уметност и душа. Спектар од сите нијанси и нектар од најсочни зборови. Тепих од души во бои и небо од досадни безживотни производи на општеството.  Помеѓу има само војна...само гад и непресметаност.

Wednesday, July 22, 2015

Дестинација 2 || Величенственост

Колку совршенство се крие во изгорена душа? Колку болка тлее во заборавот?
Се разминуваат возовите се збогуваат луѓето, крадат последни моменти забораваат на реалноста.
Најубавите работи се оштетени. Очите се најубави насолзени а пак животните се најслатки кога се ранливи. Кога ќе му кажеш некому дека лузните се реалност дека болката е наша креација и сатисфакција кога се издигнуваш од неа како феникс од пепелта силен и моќен и со боите на животот, треба да ти верува. Борец си, живееш. Те повредиле. Те навредиле. Продолжуваш. Сакаш.
Очите ќе ги избришеш ќе украдеш насмевка, ќе ја оцрташ како спомен. Ќе ја запамтиш вечно ќе легнеш во неа. Солзите ќе пресушат ќе се изгуби сонот. Ќе го поделиш твојот.
Сонот е желба а таа пак надеж.
А реалноста е кога посегнуваш и допираш вистински работи.
Вистинско е да утешиш некого да му подариш време, да ги излечиш животните да ги прибереш во твоите раце и да им дадеш дом во твоето срце.
Вистинско е времето кое не ми дава утеха. Ми дава само утре и ги подбива моите солзи.
Времето не ја дефинира мојата душа. Таа видела многу. Таа искусила многу и трага по вистинското.
Трага по зборови и слики и вечност на полиња и теписи со лаванда и мирис на колонска вода што те полудува. Присуство кое ти е зависност и неможеш да го пуштиш. Се бориш и се гушиш но ја играш играта докрај дури и ако изгубиш на крајот.
Вистинско е да се противиш на масата на овој свет и присуството на други те плаши и ти вели стој подалеку. Напади на паника кои те плашат од се и кошмари на зборови кои никогаш не пресушиле.
Бунари без дно бараш заборав но клаустрофобија те пречекува.
Сакам кога некој ќе ми ја задржи раката и ќе ме натера да не мислам на болка да се вратам на надеж.
Да се вратам на палуба пред да ми потоне бродот и да се освестам од пијанство.
Се удавив во зборови во спомени.
Тие се вечни.
Тие се убави. Тие ме тешат навечер кога солзите ми го крадат кротково тело.
Тие се се. Една слика или две, потреба по амнезија за да се водам по чувства.
Пак тука би завршила.
Те бркам но не знам како да те имам.
Заклучок: Зошто се однесувате ладно? Колкава острица ми треба да се изборам против времето и болката?
Дестинација: Величественост каде се е во ред. Се е можно и каде нема војна нема убедување. Се е како во бајките.

Monday, July 13, 2015

Дестинација неповрат

"Кажи ми какви симптоми имаш?" Ја гледам со насмевка, забавно ми е. Ѕидовите се стеснуваат а јас веќе сум во мојата земја на чудата.
Драга јас ја испарив мојата душа ова се само остатоци на некогашни сништа и утехи што ми го кроеја постоењето.
Седев по прозорците како ќор поет и липав по зборови кои не сум ги сретнала. Се срамам од ова што сум ми е страм од моето име и моите грешки. Но јас се давам во бои јас сум спектар од искуства а животот не го заживеав. Ова е неповрат нема веќе да и се смеам в лице на болката на разочарувањето зошто се мои сопатници. Ги јадеме истите корки го пиеме истото вино ние сме поврзани како фетус за матка и артерија за срце.
И мислам на животот како серија на случки и искуства кои ги пребродуваме со нови случки и искуства.
"Драга никој не е вечен освен зборовите." Конечно и велам.
Не е ова писмена по македонски или роман од Џон Грин. Не сум јас четвртата Бронте од соѕвездија.  Нема спас од светов натрупан е предлаболко во мене.
Нема лавиринти од страдања само страдање и апчиња кои ти подаруваат ублажување на огнот на некој саат.
Простете ми за грешките но јас неможам да простам. И доста сум себична но гревовите ми е се укорливи учам од вашите искуства.
"Сите овие години чекав да падне топката во моите раце и се уништив за тоа. Ние копилињата немаме срам повеќе немаме насока. Но патот ме однесе во облаците каде бајките ми беа сон а јас го чекав Супермен по автобусите пробував да напишам бајка од 150 збора без почеток ни крај. А ходниците каде не бев секој Понеделник ми шепотеа:
-си бевме еднаш драга моја, но тоа беше игра. Индијана Џонс го бара светот а не некој кој го успива со Дизни.-
А тој имаше власт над мене и ми го имаше срцето а тоа беше најнаивната партија шах што ја играв. Сега го спасува светот плива во водата сеуште е совршен и сеуште ќе биде тој што го почна ова срцебиење но сепак ова е неповрат. Супермен беше една замината желба и нема да се врати. Нема да ме спаси. Никогаш не треба да бараш од некого да те спаси. Тој беше убаво лице и прва пролет но само тоа. Не леташе од кровови и не намигнуаше на фарови беше најслатка болка. Беше тоа една совршена доза на Си било еднаш што ми го заблажи и загорчи животот во исто време. Моја меланхолија.
Сите го доживеавме Супермен во животот и сите го памтиме зошто патевме од него но она вистинското ја гори душата поинаку.
Тоа е ладна пролетна ноќ што треба да ја заборавиш или песна во зима што треба сам да ја отпееш. Или проста буква на клупа која ќе ја ичкрташ.
Но тие вдлабнатини се вистинска приказна. Како длето да ти го обликувало срцето и сега се дроби со секоја нова надеж.
Она вистинското е кога липаш без причина или кога тлееш во меѓувременски зони кои се непредвидливи.
Некои моменти ќе ги заборавиш некои личности ќе ги замразиш а некои ќе ги остакаш. А некои ќе ги засакаш.
Болка е да испратиш се во неповрат. Никогаш да не се вратиш на личноста која си бил вчера.
А јас заминав и од гнездото на Супермен. Сега сум луталица сега ја чекам есента се да ми одземе. А немаат врска годишните времиња. Не знам која сум а идентитетот ми е дефиниран. Не знам каде повеќе.
Прашалници на лицата а насмевките горат...шансите се мали но гестовите зборат.
Имам цел свет в џеб и не го давам. Световите кои ги создадов пријателите што ми свртеа грб. Вечерата што ја вечерав.
Се е миновно.
Заклучоч: Најубави на свет се малите работи и недостатоците. Ми требаат сите одговори ми треба она што ти е на дланката ми требаат насмевки на сите лица. Најубаво на свет е времето во 5 наутро кога небото се буди.
Тоа е уметност. Религија.
Дестинација: Неповрат...заспивам во свет на бајки е ја поправам реалноста."

Ќе преболиш еден ден, има свет кој ќе го видиш и личности кои ќе ги запознаеш.
А едно здраво и една насмевка го вртат светов.
Ја погледнувам се смеам и одмавнувам со главата.
Мирисот на љубов не плаши засекогаш но да се уништиш за некого е поболно.
Исчезнувам во лицата надвор се извинувам кога ќе се судрам со некого. Пијам кафе јадам колаче. Се насмевнувам.
Убавина е да се прилагодиш на промената, убавина е да бидеш личност на околностите, да се дадеш цела на светов...нема боја нема виножито нема судења само промена и се смеам искрено.
Се чувствувам убаво.

Збогум....