Monday, May 18, 2015

Дестинација слобода

Дождот е толку прекрасен, толку нееднаков, толку вистинит. Има вистина во разликите кои ни ги кобе и недостатоците кои вријат. А јас така танцувам низ него со надеж дека не сум залудна, не сум проколната на вечна заборав и огромна тага. Тагата ми е муза и ме тера низ меланхолија, ме тера да одам напред зошто сум зависник од таа меланхолија и вечно сум проколната да се хранам од трошките кои ми ги оставаш по патов. Ти си така прекрасен и посебен а јас сум заборав, осудена на вечна пропаст, осудена да се давам од мојата надеж. Никој нема да ја запомни мојата едноставна насмевка, зборовите кои ги шепотам, инспирацијата која врие. Но сепак мило ми е.
Иако себичноста ми е тло и нема излез од уметност, сепак јас сум спектар од бои кои се осудени да траат уште повеќе, уште повеќе некој да се смее сурово на моите солзи.
Животот не е љубовен роман. Животот е вечна потрага во некој кој ќе се соедини со твоето битие до крајот. А крајот исто така не е љубовна приказна.
Нема среќно засекогаш, има само сурова реалност осудена да трае долго време. Има авантура без никаква стабилнот и има раб до лудило.
А јас го пречекорив тој раб на лудило кога те запознав тебе. Како ти е тебе се прашувам, дали некогаш ти одбегнуваат мислите на некој кој се стреми да не е дело на стереотип. Твојата песна уште свири со толкаво темпо, со ритам кој се слуша, додека мојата се ноти на тишина и одбивност, страв од степенот на оваа денешница.
Ти признавам дека го презирам светов, презирам со сето срце какви битиа сме ние денес и како сме во кафезот на нашата свест.
Но пред комплицираноста имаше едноставност.
А јас едноставно барам знак од тебе, комплицираноста се чекорите кои би ги презеле да се држиме за раце но тоа е само уште еден жар осуден да згасне. Моите жарови не траат долгу, трае пепелта останата од некогашно лудило. Сакам признание, сакам одговор и посакувам да избледам, да избледам во моите испишани зборови и да станам делото кое го пишувам. Сакам да сум восхит на многу, сакам да сум здив во твоето битие. Но нема такво нешто како засекогаш, тоа е лагата во твојата преубава насмевка.
Ах колку убава насмевка имаш. И ме боли раната во срцево бидејќи невино се надевам, но јас сум само пион во една партија шах а тебе ти престојат уште многу такви.
А јас се прашувам како е да се биде кралица во шахот. Колку сме будали кога сме млади си велам. Колку едноставно би било да сум плод на нечија имагинација и гласовите во мојата глава да се личности кои ме оживеале на парче хартија.
Како јас што те оживувам тебе. Вдахнувам живот во една совршена илузија и таму се туткам зошто тоа е толку мала илузија за да се засолнам. Кој си ти, бидејќи си толку други личности во толклу други периоди и ми се врти во главата од тоа твое совршенство.
Тоа е играта на дождот, јас сум капка роса наутро, избледена и загубена во заборав, а ти си попладнев порој на кој сите му се восхитуваат, кој сите го знаат.
Заклучок: Деструктивноста ми врие но сепак се би дала за една твоја насмевка, ми годи вниманието, го мразам моментот кога не ти е до игра.
Дестинација:Слобода од канџите на љубовта.

Friday, May 1, 2015

Дестинација лудило

Си била еднаш наивна будала која си мислела дека се така лесно се исполнува. Си го лепела носот на стаклото од прозорецот кога била мала но морала веднаш да го извади бидејќи ја нервирало како се прави замаглено стаклето од нејзиното кобно дишење. Се возбудувала за премногу работи мозокот и работел надвор од контрола и се хранела со сарказам.
Но кога ќе седнела да пишува, хартијата ја претворала во дела кои сведочат во моето постоење. Сите кои го откопале ова богатств се чуделе која е таа личност која е абнормално хиперактивна но несреќна во живтот.
Се хранеше со сарказам, беше прегласна, се смееше многу, но живееше трагедија.
Живееше во свет каде сите беа подобри од неа но таа не знаеше дека е ас во се, не знаеше како да излезе од школката на абнормално бесчувствителниот живот кој го водеше.
Сите и ги плукаа делата и сите се смееа на секој нејзин неуспех.
Чувствуаше лудило кога ја нарекуваа поет, се чувствуваше глупаво кога сите “познати“ беа ниско интелегентни ограничени суштества со неуспеси но позиции во животот.
Што ако ти викаат ќе успееш но тие те спречуваат да успееш?
Таа веруваше во љубовта како муза во приказните но кога се сопна од неа се свести за неправдите кои животот ги нуди. Пријателите имаа веќе каснато од забрането овошје но таа не можеше никогаш да сфати како тоа светот се движи. Фактите и беа премногу, светот и беше бајка.
Се присетувам на неа како седи на покривот на куќата и како плаче така тивко и се надева дека ветрот ќе ја однесе во неговите прегратки, дека заедно ќе се смеат и ќе живеат до крајот на животот, наивна беше и самата помисла на засекогаш.
Ја болеше кога ја малтретираа и кога се однесуваа на неа како да е помалку а јас се обидував да и помогнам. А како што деновите поминуваа и желбата и помина, се смееше се помалку и помалку се додека не згасна бидејќи никој не веруваше во неа.
Таа беше самовила, преубава наивна самовила која ми даваше надеж дека еден ден ќе ги поразам пиратите и ќе им го одземам бродот.
Би патувале по светот додека си го излечи допреното срце и додека заборави на тој со прекрасните очи и безобразно добрата насмевка. Додека фантазираме за засекогаш со недопирливи личности. Додека седиме во земјата на чудата и пиеме отровен чај. Чај затрован од љубов која не кобе.
Заклучок: Замисли желба за огромна цел во живтот и плукни во бунарот бидејќи нема да ти се исполни, верувај во бајките зошто ќе ти подарат мир, вљуби се во некој кој ќе те прошета низ сите бајки и ќе ти се насмевне во лицето баш со значење дека го има се она што го сакаш но нема да ти го даде.
Дестинација: Лудило, каде бајките ми се скривалиште од среќниот крај.