Ја наметнав качулката. Насмевка ми се исцрта на усните и зборовите ме давеа како што ја преземав улогата.
Маглата околу мене ме држеше чиниш во кафез и бев присилена да ги чепкам нивните раце да се смеам на нивните поздрави да гледам во нивните очи да се давам во еден поглед прекорен и да ги пречекорам најмачните чекори кон него. Бев затворена школка обвиткана во триста свили и завеси и зенемував на помислата на надвор кон незаштитените допири и осудувачките очи но се излажав на една безобразно прекрасна насмевка и зборови кој мене ми беа мелодија на совршенство.
Пречекорев како срна пред фарови и стравот ме демне додека бегам но нема тишина каде што можам да ги измијам очите од болката. Таа проклета кукавица ми го гори јазикот како што се борам да излезам надвор но побезбедно е да се сокриеш отколку да изложиш се во галеријата на болката.
Прекрасно е да те осудат и наречат кукавица и да пробаш да се извиниш за сите срања кои те исплукале по патеката. А јас во рацете чувам скапоцена нишка на најчистата напивка од сите. Во вениве тече крв залиена со солзи кои ги голтам.
Наеднаш си помислувам на онаа совршена карпа на врвот од мојот свет трчам боса кон неа баш каква што сум. Сите лузни да блеснат и сите солзи да го искапат телото и душата ми ечи во јазикот кој така течно и разбирливо го зборувам.
Врескам ТЕ САКАМ под небото.
...се извинувам по милионит пат неделава. Се сокривам во твојата идеална помисла за НЕА и чекорам сакајќи да бидам твојата љубена.
А лузниве ме потсетуваат дека боли секој пат кога ќе чепкаш оган и овој пат ја ставам качулката подолу. Пробувам да бидам слепа во темнината уживам во фатаморгана на нијанса посветла темнина но во мојот тунел никогаш нема светлина.
Ги бришам солзите, ми требаше светлина не седум нијанси потемна темнина и пробувам да заминам.
Заклучок: Како некој да ти докаже дека те сака?
Да почнам со среќно засекогаш...гест на совршенство, гест кој избавува насмевка, зборови кои ти даваат сигурност.
Дестинација : Пурпурниот дожд, седам на сантиметар до илизијата а последните мисли ми се за љубовта.
Tuesday, October 20, 2015
Дестинација: Пурпурниот дожд
Sunday, October 11, 2015
Дестинација: Петнаесет
Празен лист хартија, доста многу повредена душа. Осамната желба и патот кон неповрат.
Беше тоа време на младост, глупава илузија на храброст и уште неколку зборови подоцна доволна болка да ги засени сите лузни и повреди и болки.
Беше тоа игра чија причина нема да ја разберам но беше игра на искусен куклар и марионета.
Напразни зборови и фрази кои сопреа многу брзо. И осамнати погледи кон другите, горчина во грлото поради тоа што никогаш не постоело во моето секојдневие. Среќа за секого, гордост како прелива од одамна полна чаша. И принципи продавани за најниските цени. Зборови кои никогаш не ги изустив, и разговори кои ги водев сама со себе но никогаш на глас.
Беше она, сите се подобри, и тетратки испишани со зборови од љубов и чудни песни подзаборавени но никогаш предадени. Беше она чувство на фатаморгана по улиците а дома надеж дека се материјализа мојата среќа пред мене.
И накрај е синџир на лудило околу мојот врат и проклета желба за нешто сосем поинакво.
Заклучок: Несигурноста е изобилие на повеќето од нас, а се храни од тишината и пропуштените моменти. Надежта е најслатката лага од која произлегуваат оние приказни за среќно засекогаш и за принцови кои се им удоволуваат на своите принцези и витези со зборови на копнеж и љубов. Лагата е најголемата болка, острица на сечило и преќутени моменти од испревртена приказна која има за цел да уништи.
Дестинација: Петнаесет, изопачена средина од сите месеци. Кога не е нов почеток или болен крај кога се е мелодија на нешто совршено.